Испечати

Чоколадни комети

Чоколадни комети

Состојки

  • 300 гр мелени бисквити
  • 300 гр мелени ореви
  • 250 гр шеќер во прав
  • сок од 2 портокали и кора од портокал
  • Глазура
  • 200 гр чоколадо
  • 5 лажици масло
  • чоколадни капки во боја на портокал
  • 50 гр маргарин за смесата

Подготовка

Брзи вкусни и ароматични колачиња. А името е име додадено од ќерка ми.
1. Во сад се ставаат мелените бисквити, оревите и шеќерот. Во нив се додава сокот и кората од портокал. Убаво се изедначува смесата. Ако е сува смесата се додава растопен маргарин. Се сука кора со дебелина на 1см. И се сечат со модла срце колачи. Се сече срцето на половина и се добиваат 2 половинки од срцето.
2. Се прави глазурата се потопуваат во чоколадо и се оставаат да оладат. Се декорираат со растопено чоколадо-капки во боја.

На здравје!!!