Чоколадни еклери со фил од тиква
Еклерите се подготвуват исто како и обичните еклери. Најпрво ставете ги на среден оган путерот, водата, шеќерот и солта да зовријат. Потоа тргнете ги на страна и додадете ги просеаните какао и брашно, притоа постојано мешајќи. Вратете на оган и гответе окулу 5 мин. Тестото ќе се направи како топка. Тргнете од оган и оставате да се излади 5 мин, па потоа додадете ги јајцата едно по едно притоа постојано мешајќи додека не добиете кремаста смеса. Со шприц или лажиче од смесата ставате во плех обложен со хартија за печење и печете 15 мин на 200 и уште 5 мин на 180. Внимавајте да не ви изгорат, бидејќи се темни по боја. Печени оставете ги убаво да се изладат.
За фиот со миксер изматете ја слатката павлака и во неа додадете ги зачините, екстрактот од ванила и постепено пирето од тиква. Оставете убаво да излади во фрижидер и потоа филувајте ги еклерите.
Бидејќи тестото содржи какао него му треба помалку време за готвење од колку на обичните еклери.
Еклерите ги мешам со жица или лажица, не со миксер,филот го бијам со миксер.
Овие еклери се навистина екстра и можете да си ги јадете и така само натопени во чоколадо,без фил....а исто може и да си ставите фил по своја желба
Филот има доста интересн вкус и посебен шмек од тиквата и зачините.
Се надевам дека ќе ви се допаднат
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер рецепт, ама супер. затоа не те сакам. сакаш сите да бидеме дебели за кога ќе те видат со нас да речат:
онаа слабата :D :D :D :D