Испечати

Чоколадни еклери со фил од тиква

Чоколадни еклери со фил од тиква

Состојки

  • Состојки за еклерите
  • 135 мл вода
  • 56 гр путер
  • 1 лажица шеќер
  • 65 гр брашно
  • 1 лажица окулу 7 грама какао
  • 2 јајца
  • Состојки за филот
  • 170 гр слатка павлака - шлаг крем
  • 20 гр шеќер во прав (во зависно од тоа колку блажина сакате)
  • 1 мала лажичка цимет
  • 1/8 мала лажичка (мешавина од каранфилче и мускатно оревче)
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 125 грама пире од печена тиква
  • за прелив
  • 100 гр растопена чоколада за готвење

Подготовка

Еклерите се подготвуват исто како и обичните еклери. Најпрво ставете ги на среден оган путерот, водата, шеќерот и солта да зовријат. Потоа тргнете ги на страна и додадете ги просеаните какао и брашно, притоа постојано мешајќи. Вратете на оган и гответе окулу 5 мин. Тестото ќе се направи како топка. Тргнете од оган и оставате да се излади 5 мин, па потоа додадете ги јајцата едно по едно притоа постојано мешајќи додека не добиете кремаста смеса. Со шприц или лажиче од смесата ставате во плех обложен со хартија за печење и печете 15 мин на 200 и уште 5 мин на 180. Внимавајте да не ви изгорат, бидејќи се темни по боја. Печени оставете ги убаво да се изладат.

За фиот со миксер изматете ја слатката павлака и во неа додадете ги зачините, екстрактот од ванила и постепено пирето од тиква. Оставете убаво да излади во фрижидер и потоа филувајте ги еклерите.
Бидејќи тестото содржи какао него му треба помалку време за готвење од колку на обичните еклери.
Еклерите ги мешам со жица или лажица, не со миксер,филот го бијам со миксер.
Овие еклери се навистина екстра и можете да си ги јадете и така само натопени во чоколадо,без фил....а исто може и да си ставите фил по своја желба
Филот има доста интересн вкус и посебен шмек од тиквата и зачините.
Се надевам дека ќе ви се допаднат