Декоративни и вкусни палачинки, интересни за подготвување со децата. Шарата може да биде различна,а јас ги направив со спирала.
Во вангла ставете го брашното, нишестето и ванилата и измешајте. Потоа во млекото разматете ги јајцата и постепено додавајте од течноста во брашното цело време мешајќи. Кога смесата ќе биде без грутчиња, додајте го стопениот путер.Измешајте.
Одделете 1/4 од смесата и во неа убаво измешајте го какаото. Турете ја во некое мало шише, од 1/2 л а капачката пробушете ја. (немав погоден сад за оваа постапка и ова е моја идеја)
Загрејте ја тавата за палачинки, премачкајте ја со путер и од шишето најпрво направете спирала врз целата површина. Нека се пече две-три секунди па одозгора прелијте од белата смеса. Понатаму печете како и за сите палачинки.
Премачкајте ја секоја палачинка со малку стопен чоколаден крем, прво свиткајте ги од страните, па во ролат. Излегуваат 8 палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови