Рецептот ми е од око, мерките се ориентациони, додадете што ви недостасува, а ако остане, уште поубаво.
Најпрво подгответе јаготки за да ги да ги обложите со малку растопено чоколадо, а тоа се прави на наједноставен начин.
Растопете дел од чоколадите во одделни садови со зејтинче, секое јаготче брцнете го во чоколадото и веднаш поставете го на рамна површина да се стегне .
Кога ќе ги направите јаготките, можете да ја направите кошничката.

1. Обложете со алуминиумска фолија еден овален длабок сад однадвор и поставете го на даска
2. Сега повторно растопете темно чоколадо и истурајте со лажица врз фолијата, формирајќи по ваша желба кошничка
3. Ставете ја кратко во фрижидер да се стегне
4..Растопете го сега белото чоколадо и истурајте како шара врз темното чоколадо
5. Оставете кратко да се стегне во фрижидер
6. Кога ќе ја извадите, превртете ја и внимателно отстранете ја фолијата, кошничката е готова.

Можете да ги наредите јаготките и да послужите прекрасна кошничка. Може да ви послужи и за друго овошје подоцна, сеуште ја чувам, толку е убава.
А слободно можете и да ја грицнете веднаш !
Уживајте !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови