Чоколаден ролат
1. Густо изматете ги јајцата со шеќерот.
2. Со најмала брзина на миксерот, вмешајте ги прво течните состојки, а потоа сувите. Сувите состојки за поголем волумен можи да ги вмешате и со дрвена лажица или шпатула. А кога сме кај волуменот, кој смета дека ќе му е поефикасно можи и белките да ги измиксира прво одвоено, па потоа да ги додаде жолчките.
3. Смесата излијте ја во намрсен и потеле плех со пек хартија.
4. Печете на 180С околу 15 мин.
5. Печената кора замотајте ја во влажна пацета.
6. Во огноотпорен сад растопете ги слатката павлака (200мл) и чоколадото за фил. Кога смесата ќе стани компактна, вмешајте го во неа и инстант кафето. Тргнете на стана да се лади и повремено мешајте.
7. 100 мл слатка павлака цврсто изматете ја.
8. Кората премачкајте ја најпрво со млак, скоро изладен фил. Оставете минута-две така премачкан да доизлади па одозгора премачкајте со изматената слатка павлака и свиткајте ролат.
9. Ролатот кој сака, одозгора го премачкува со на ист начин како филот растопена слатка павлака и чоколадо и одозгора наросува чоколадни мрвици или струготини. Јас го правев во инстантно време за една збиранка и немав ни време да премачкувам, ниту пак време да се здрви убаво, а и за носењето, транспортот повеќе ми одговараше непремачкан одозгора со обзир на брзинските околности.
10. До служење оставете го во фрижидер добро да се стегни.
• Ролатот е од оние типови лапни-голтни, мек, но не и стандардно благ како повеќето вакви сладурии. Има повеќе чоколадно-горка нота во вкусот, па кој сака појака блажина можи да си појача на шеќер и едната лажица какао да ја замени со брашно. Дружината за каде го правев едногласно го бендиса ваков и се изеде цел... едино големите благомани ќе го сакаат со повеќе шеќер : )
Лиценца: Сите права се задржани