Рецептов го добив од мојата кума пред неколку дена, колачот го пробав во неделата и ме воодушеви, а бидејќи сопругот обожава чоколадни десерти, веднаш го приготвив со мала модификација во состојките. Подготовкста е преедноставна, идеален е за брзинска подготовка на колач и тоа превкусен колач.

Се мешаат убаво сите состојки за пандишпанот со лажица да нема грутчиња. Смесата се истура во квадратесто или правоаголно намастено тавче, јас ја користев Делимано коперлукс квадратестата тава 27 на 27 цм.
Се пече 20тина минути на 200 степени.
После печењето се лади и откако ќе се излади се сече на коцки и се подготвува преливот.
Се растопува путерот и во него се додава кршено чоколадо. Откако ќе се растопи чоколадото, се меша убаво и се додава млекото, шеќерот и какаото и се загрева додека убаво не се изедначат состојките.
Се остава малку да се подолади да не е врел и се потура врз пандишпанот.
За крај се мати една ќесичка шлаг од чоколадо и се декорира колачот по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови