Потурен посен кекс без масло
Посен кекс без масло добредојден за сите оние што постат.Најпрво ги рендаме јаболката и ги мешаме со мармаладот.Во сад настрана ги ставаме сите состојки освен водата.Ги додаваме јаболката со мармаладот и потоа постепено ја додаваме и водата.Убаво мешаме со лажица за да добиеме хомогена смеса.Смесата ја турваме во набрашнет калап(јас го печев во тркалезно тавче бр.30).Кексот се печи околу 35 минути на 190 степени.
Додека го печите кексот сварете го шербетот.Водата заедно со шеќерот и ванилите варете ги додека не почни шербетот да се згустува.Кексот кога ќе го натурате со шербетот треба да е млак а шербетот жежок.По желба на дното на тавчето ставете и сецкани ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ve molam za posen recept(bez maslo) za rodendenska torta.
Golem pozdrav