Чоколаден колач со тиквички
Ова е еден неверојатно сочен колач кој кога ќе го пробате нема ни да претпоставите дека има тиквичка во составот. Освен со вкусот, особено ме плени со својата интензивно темно кафена боја.
Подготовка
1. Во еден сад измешајте ги просеаното брашно и какао, содата и прашокот за пециво.
2. Во друг сад изматете го јајцето со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги кафето, јогуртот, маслото и се убаво изматете.
3. Тиквичката изрендајте ја на крупно ренде. Додатете го исечканото чоколадо и измешајте.
4. Потоа додатете околу половина од сувата смеса со брашно во тиквичките и измешајте за тиквичките да бидат суви.
5. Остатокот од сувата смеса измешајте ја со смесата со јајце и добро измешајте. На крај додате ја и смесата со тиквички и измешајте со лажица.
6. Се пече во подмачкан правоаголем калап (околу 30х10 см), 45-50 минути на 180 степени. Јас го обложив калапот со хартија за печење.
7. Кога ќе се испече извадете го од калапот и посипете го обилно со шеќер во прав (по желба може да ставите и глазура од чоколадо).
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Прекрасно изгледа кај тебе,а посебно бојата привлекува. :))
супер изглега. прва тиквичка под рака што ќе ми дојде, ја претварам во ова и ја јадам прд 12ч за да не ми се претвори во кочија :) :) :) :)
Еве и слика од колачот како торта. Можам да ви кажам дека е одличен. Го печев во куглоф, а филот е од пудинг и изматен путер.