Чоколаден колач со тиквички
Состојки
- 120 гр меко брашно
- 30 гр какао
- пола лажица сода
- на врв на лажчка прашок за пециво
- 50 гр кафеав шеќер
- 60 мл маслиново масло
- 1 кесичка ванилин шеќер
- пола лажичка инстант кафе
- 1 јајце
- 60 гр јогурт
- 200 гр изрендана, неизлупена тиквичка
- 100 гр ситно исечкано чоколадо за готвење
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Ова е еден неверојатно сочен колач кој кога ќе го пробате нема ни да претпоставите дека има тиквичка во составот. Освен со вкусот, особено ме плени со својата интензивно темно кафена боја.
Подготовка
1. Во еден сад измешајте ги просеаното брашно и какао, содата и прашокот за пециво.
2. Во друг сад изматете го јајцето со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги кафето, јогуртот, маслото и се убаво изматете.
3. Тиквичката изрендајте ја на крупно ренде. Додатете го исечканото чоколадо и измешајте.
4. Потоа додатете околу половина од сувата смеса со брашно во тиквичките и измешајте за тиквичките да бидат суви.
5. Остатокот од сувата смеса измешајте ја со смесата со јајце и добро измешајте. На крај додате ја и смесата со тиквички и измешајте со лажица.
6. Се пече во подмачкан правоаголем калап (околу 30х10 см), 45-50 минути на 180 степени. Јас го обложив калапот со хартија за печење.
7. Кога ќе се испече извадете го од калапот и посипете го обилно со шеќер во прав (по желба може да ставите и глазура од чоколадо).
Пријатен апетит!