Четвртасти кифли со зелени маслинки
Во топлото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно. Нека се активира. Потоа постепено се додаваат јогуртот, солта, маслото, изматеното јајце. Се промешува и нека одстои 5 минути. Постепено се додава брашното, се замесува тесто понамеко кое не смее да лепи на рацете. Го покриваме и нека кисне 20 минути. Потоа нежно расукуваме правоаголна кора со дебелина од 6-7 мм. Со помош на големо четвртасто калапче вадиме форми. Ги редиме во плех. Ги премачкуваме со изматено јајце. Во средината ставаме по едно парче маслинка. Сега со помало четвртасто калапче вадиме форми и ги ставаме врз маслинката. Нежно притискаме на 4 крајчиња. Премачкуваме со изматено јајце, наросуваме афион, чурекот... киснат 15 минути и ги печиме на 200 с околу 20 минути. Испечени ги редиме на решетка, да се изладат и сервираме со јогурт. Тестото е прекрасно за работа, топло ви го препорачувам.