29
апр
2016
Четвртасти перничиња за појадок
Вкусни, топли, шупливи, мекички...што уште да кажам за нив.. Во топлото млеко се ставаат шеќерот, малку брашно и квасецот. Нека се активира. Потоа постепено се додаваат јогуртот, јајцето, жолчката, омекнатата палмина маст, солта. Се замесува тесто помеко, нелепливо. Се покрива и кисне 20 минути. Потоа се расукува кора со дебелина од 5 мм. Со помош на калапче се вадат форми, четвртасти и нема фира од тестото. Секогаш првото размесено тесто е најубаво. Се редат на послужавник. Се загрева маслото и се ставаат да се пржат по 1 минута одприлка од двете страни. Сами се креваат при пржењето. Се редат на хартиени салфети. Се сервираат со сирење и јогурт.