Во топлото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека се активира.
Потоа постепено се додаваат јогуртот, солта, маслото, изматеното јајце.
Се промешува и нека одстои 5 минути.
Постепено се додава брашното, се замесува тесто понамеко кое не смее да лепи на рацете.
Го покриваме и нека кисни 20 минути.
Потоа нежно расукуваме правоаголна кора со дебелина од 6-7 мм.
Со помош на големо четвртасто калапче вадиме форми.
Ги редиме во плех.Ги премачкуваме со изматено јајце.
Во средината ставаме по едно парче маслинка.
Сега со помало четвртасто калапче вадиме форми и ги ставаме врз маслинката.
Нежно притискаме на 4 крајчиња.
Премачкуваме со изматено јајце, наросуваме афион, чурекот... киснат 15 минути и ги печиме на 200 с околу 20 минути.
Испечени ги редиме на решетка, да се изладат и сервираме со јогурт.

Тестото е прекрасно за работа, топло ви го препорачувам.
Ако ви се поситни маслинките, ставете по цело парче, моите беа големки и ги сечев на 3 дела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани