Многу убава зимница по вкусна од ајвар е, јас ја подготвувам секоја година.
Да почнеме со подготовка

Пиперките се печат, се лупат им се отстранува семенките исто како за ајвар. Пиперките се лупат и се цедат.
Потоа се земаат една по една и се цепкаат, се ставаат во цедалка да се цедат.
Водата што се исцедила пиперките се врие маслото, солта, шеќерот и есенцијата, сето ова врие 10 минути и се додаваат пиперките.
Откако ќе се додадат пиперките се вари уште 60 минути...таков е рецептот ама се зависи од пиперките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови