Фереро пралини
Стопете го маргаринот и додадете го и кремот убаво да се соеднинат. Во посебен, подлабок сад ставете ги ситно издробените наполитанки и лешниците, па потоа додадете ги стопените крем и маргарин и медот. Се убаво измешајте.
На пареа стопете го чоколадото и маслото. Премачкајте ги силиконските калапчиња за пралини 3 пати и помеѓу секое премачкување оставајте ги на кратко во замрзнувач да се здрви чоколадото. Потоа со лажиче или со рака формирајќи топчиња наполнете ги со фил. Притискајте при секое полнење за да не ви останува непотполнет дел. На крај, затворете ги со добар слој растопено чоколадо.
Во зависност од големината на калапчињата, излегуваат одприлика 25-30 парчиња.
Уживајте, превкусни се : )
Лиценца: Сите права се задржани
Клара перфектни се :)
Светулче, јас пак сега имам толку разновидни калапчиња купено во последно време, што се уште не сум успеала да ги искористам сите :))) Тоа немаш додека не го направиш првиот чекор, а потоа се уште некое ќе ти се допаѓа иако ни првото не се испробало :)))
Преубави форми излегуваат... Секоја чест!