Втор мој рецепт за погача, по повод празникот Фанурија, задолжително посна, со 9 состојки, а се одбележува секогаш на 9 Септември, за исполнување на посакуваните желби, за успех на учениците и студентите.

Подготовка

1. Брашното го просејуваме во длабок сад, ги додаваме останатите суви состојки, мешаме со лажица.
2. Ги додаваме свежо исцедениот сок од портокал, маслото и водата. Мешаме со лажицата, убаво да се соединат состојките.
3. Смесата ја истураме во мало тавче, со пречник 18 см. обложено со хартија за печење.
4. Одозгора ги редиме јатките (оревите), печеме во загреана рерна на 190 степени, 35 до 45 минути, зависно од рерната.

На секого да му се остварат посакуваните желби, за многу години!

(522)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани