Гулаш со зелка и њоки
Зелката ја обожавам приготвена на секаков начин, па решив и да ја ФАНТ-ирам. Резултат - превкусен, едноставен за припрема гулаш кој би одговарал со секаков вид месо или риба. Јас го искомбинирав и со њоки, испадна супер, но може и без нив.
Се пропржува на врел зејтин најпрво кромидот, после неколку минути се додава и морковот, па на крај зелката. Откако добро ќе омекнат, се додава 700мл млака вода и 1 ќесичка ФАНТ за гулаш и паприкаш. Се остава да крчка 15 - 20 минути.
Вуала, гулашот е готов.
Се спремаат њоките по ОВОЈ рецепт (само половина доза)
Откако ќе излезат на површината на водата, се додаваат во гулашот и се остава да проврие со нив уште 5 минути на тивко.
Јас овој пат го искомбинирав гулашчето со рибичка ослич, која одмрзната, исчистена и малку посолена од претходниот ден, мрцната во смеса од брашно и ФАНТ за гулаш и паприкаш (сооднос брашно 3 лажици - фант 1 лажица) ја испржив на врело масло. Фантот и дава преубав шмек на рибата.
На кој му се бендиса овој лесен, едноставен и превкусен брзински ручек, нека си ги приготви и нека ужива во вкусовите.
Припремата со ФАНТ ја одбрав и ја препорачувам, бидејќи добиваш феноменален вкус, без да се мислиш колку и какви зачини да ставиш.
На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови