Подготовка:

1. Се става квасецот во сад со малку млака вода, шеќер и брашно да се активира (10мин). Се замесува лебот со сите преостанати состојки. Се остава покриено да се одмори. Кога ке се дуплира тестото, се дели на 2 дела и се расплескува со рацете кои претходно сме ги премачкале во масло.
2. Се прави премазот и се премачкуваат двете лепчиња со него. Потоа со прстите се формира шарата на лебот. Се поросува сусам и се печи во загреана рерна на 250С-20мин. Кога ќе се испече се премачкува со масло и се покрива со платнена крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани