Тунел торта
3 и пол години членство на овој сајт, толку време инспирација и активна посветеност во кујната, за финално откако ќе се зготви да се напиши, слика што подобро и претстави. Во толку време, створени одлични пријателства со прекрасни членки кои го делат истиот интерес, па и хоби нека е кога ќе се погледне севкупниот приказ (во домаќинлукот не се мешам хехе). Заразата, навиката за дружење, да се направи нешто ново, вкусно и добро да се презентира и после толку време се уште не стивнала. Гледам и не можам да си верувам, како ли сум успеала да спремам толку рецепти? Не ни помислував... но, оговорот е тука, во текстот погоре.
Ајде да се вратам на тоа за што и сме сите овде, денес, за мене мојот 500ти рецепт.
На почеток да спомнам дека напрвив измена во составот на основата, така што ставив интегрални чоколадирани кекси со вкус на портокал 200 гр наместо мелени бисквити и ги додадов во нив останатите состојки. Но, смесата испадна мека, па поради тоа, додадов плус 100 гр мелени бисквити.
Се мешаат најрво сувите состојки, а во сад на оган се топи чоколадото со маргаринот, кој потоа, така стопени се додаваат во нив и плус сокот од портокал. Од добиената смеса се обликува валјак со должина од околу 30на см и се остава да се стегни.
Густинот се раствора со дел од млекото, а остатокот со шеќерот се става на оган да се загрее. Се додава густинот и се вари густ крем. Кремот се остава да излади, па потоа во него се миксира предходно изматениот маргарин.
Во 2/3 од смесата се додава и миксира црното чоколадо, предходно стопено на водена бања, а во 1/3 белото чоколадо.
Подлогата најпрво се премачкува со тенок слој од белиот фил. Потоа исто така тенко се премачкува со црниот.
Пишкотите се намакуваат во млеко во кое е рестворен екстракт од портокал. Тие сега се редат врз црниот фил. По рецептот потребни се за првиот ред по 5 пишкоти во ширина, но како прв пат ја правев и стравував дали ќе добијам добар пресек, јас ставив по 4.
Празнините се пополнуваат со црниот фил, кој тенко треба да ги премачка и пишкотите одозгора.
Потоа постапкава се повторува. Се премачкува тенко белиот фил, па тенко врз него од црниот фил и се редат пишкоти овој пат помеѓу местата каде се наредени првите и доаѓа плус уште еден ред. Помеѓу нив и одозгора се премачкува со останатиот фил.
За филовањето на оваа торта треба прецизно распоредување на филовите и теннко премачкување, бидејќи филот е „кнап“ во количина. Како не бев задоволна од солидното прекривање и порамнување на тортата, искористив инстант крем пудинг од чоколадо, кој воопшто не отскoнуваше ни на око, ни по состав. Значи, тортата е премачкана и дотерана најгоре со чоко пудингот.
Одозгора можи да се украси со кокос, во овој случај, бадемови ливчиња, трошки... што и да е по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да створиш толкава бројка, значи посветеност, умешност исплетена со многу љубов. Продолжи така успешно да твориш и нижиш уште поголема бројка на успешни рецепти. Тортата no comment, се знае прекрасна ... <3
Да , како што пиша во уводниот дел на текстот од рецептов, се е чиста вистина! Неверојатно е колку е прекрасна дружбата и предизвикот да се направат толку убави и вкусни рецепти, а воедно да им бидеш репер и да се угледуваат на тебе многумина, како што ти само знаеш и го правиш. Затоа Бети Браво, секоја чест за постигнатата бројка на ПРЕУБАВИ, интересни и корисни рецепти со детално објаснување! Поздрав и дружењето продолжува!
Вкусна, интересна и соодветна за да биде јубилеј!
п.с. а тоа играчката-воз од кај ја најде беееее...немаш мали деца, да не ја позајми од комшии или заостанала во некоја кутија на таван од твоите:):):):)
во секој случај фотката е супер:)
хаха играчката е на внук ми. последните пати како намерно да си оставаат по некое играче за да си го најдат кога ќе дојдат. ете, ова имало среќа и да се прослави преку сликата :))) само што повеќе е воФче отколку воз, дури и се думав дали ќе изгледа на воз во цел концепт и подлогата во јарка боја :))) ама послилно беше од мене, па го залепив на насловна. фотосесијата после полноќ (тогаш најчесто ние по дома најдомаќини испаѓаме хаха)
Мајсторица во секој поглед, секоја чест и ти посакувам уште многу преубави и превкусни рецепти и секако дружба :)))
А тортата преубава, се воодушевив од изгледот и прецизноста на изработката !
Сепак проверивме колку време сме онлајн и наидовме на ова интервју од 2012 година :)
Клара Босс, првиот готвач кој објави 100 свои рецепти на моирецепти.мк
Што повеќе да кажеме од она што и ти го кажа - овде сме заедно...се надградуваме, учиме, дружиме, ги споделуваме своите радости, се забавуваме.
Честитки за оваа твоја бројка, што е навистина огромен труд и успех - да се зготви, фотографира, напише, објасни.
Се мислевме како да ти се заблагодариме. Предизвикот што сами си го зададовме со книгата на Лиле излезе навистина голем, имавме препреки, па се надеваме дека конечно во септември ќе излезе на виделина. Ќе видиме како ќе биде, а ти си секако следна за еден таков потфат, ако го има :)
Затоа одлучивме да те наградиме на поинаков начин, малку да се одмориш од секојдневните обврски и да се релаксираш од толкавиот број подготвени рецепти - со спа викенд за двајца во Берово! Честитки!
Остани така ведра и вредна,
и те чекаме во кујна да снимаме видео рецепти.
Искрено,
тимот на МоиРецепти!
хехе.. кај ви текна на интервјуто :) ми евоцирате пријатни сеќавања хах... особено последното прашање како би изгледало сега :))) Во него кажано е се што би рекла, како и во вовдеот, како и во коментарите на прекрасните членови тука, како и во секој друг јубилеен број на рецепт.
Јас само би додала, ФАЛА ви што постоите и што направивте ваков успешен и популарен сајт, во кој меѓу другите и јас ја имам таа чест да сум дел од него. Фала ви, за сета прекрасна дружба и посветеност цело ова време. Фала ви и за убавите пријателства кои произлегоја баш од тука, од нашето заедничко дружење. Одлично потрошено слободно време на задоволство!
Ах, заборавив.. благодарам за наградата :) :* Голем поздрав до цела екипа!
Уживај во наградата- ако случајно не си била во тој крај... пријатно ке се изненадиш,
Navistina, so se sto e kazano prethodno se soglasuvam!
Se raduvam za tebe za dobienata nagrada! Ti posakuvam uste mnogu, mnogu prekrasni recepti, kako sto e se do sega od tebe, sekoe dobro i maximalno uzivanje vo ubavata nagrada! :-) :-*
Поминот да ви биде незаборавен и несекојдневен, максимално да си ја изуживате :)
Ви благодарам девојки!
Овде сте славеле една голема цифра, еден голем јубилеј.
Епа честитки од мене,големо браво за идејата, храброста,времето и желбата вложени во овој сајт.
Честитки Клара уште еднаш ,тортата преубава.
Уживај во Берово,па ќе видиме слики.Поздрав до сите.