17
мар
2020
Триаголници со кокос
Бисквитите измелете ги во блендер.
Додајте стопен путер, млеко и измесете ја смесата.
Во триаголен калап постелете нејлонска фолија и ставете од смесата, направете по средина дупка за да ја наполните. Од смесата оставете еден дел за покривање.
Во кокосот додајте изматен шлаг и шеќер во прав. Се' убаво промешајте.
Триаголникот наполнете го со смеса од кокос, покријте одозгора со останатата чоколадна смеса. Затворете со најлонска фолија и оставете во фрижидер.
Стегната смеса прелијте со бело чоколадо и ставете чоколадни лушпи.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани