6
сеп
2021
Триаголници со орев, бисквити, брусница, кокос
Предлог за вкусен, брз и личен десерт
Подготовка:
1. Во мало тенџере на оган, ги ставаме да се соединат путерот, млекото, чоколадото, шеќерот. На тивко нека провријаат 1 до 2 минути. Тргаме од оган. Нека подизлади малку смесата.
2. Ги додаваме мелените ореви, мелените бисквити, кокосот и брусницата. Убаво ја соединуваме цела смеса.
3. Триаголен, лимен калап за колачи, го обложуваме со прозирна фолија. Ја ставаме смесата, убаво израмнуваме. Покриваме со прозирна фолија и калапот го ставаме во фрижидер да се излади, 1 час од прилика, да се стегне смесата. Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани