
28
мај
2020
Торта со јаболка и суво грозје
Фантастичен спој на јаболка,цимет и суво грозје и кое секое залаче е уживање.
 1. На рингла во сад се топи маргаринот. Во него се додава половина од шеќерот.
 2. На страна се лупат и сечкаат јаболката. Во нив се додава циметот и сувото грозје.
 3. Во јаболката се додава млакиот маргарин со шеќерот и заедно убаво се мешаат.
 4. Во длабок сад се матат јајцата со преостанатиот шеќер. Во нив се става брашното, пецивото и содата. Сега целата смеса се истура во јаболките и со лажица се меша.
 5. Се излева во округол калап бр.26 и се печи 80мин на 150С. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани






















