20
дек
2020
Колач со јаболка и суво грозје
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот додека се згуснат. Потоа постепено се додаваат јогуртот, маслото брашното со пецивото. Кога сите состојки убаво ке се соединат се истура половина од смесата во набрашнето тавче 30Х20см .Се печи на 180С 15мин. Потоа врз тестото се става филот.
Фил-Се рендаат јаболката и во нив се додава шеќерот,гризот,кора од лимон,сувото грозје циметот и убаво се меша со лажица.
2. Кога ќе биде полупечено тестото се става филот и се истура другиот дел од смесатат и се допекува уште 35мин.
3. Се остава да олади и се поросува со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани