Торта со капини и малини
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете брашно пециво и ситно сецкани ореви. Изматете кратко со миксер. На крај, додадете го слаткото од капини и промешајте со лажица.
Смесата ставете ја во нелеплива тава за печење и печите на 180 степени околу 10-15 минути.
Изблендирајте ги малините, додадете ја водата и шеќерот и ставете ги во сад на тивок оган да повријат неколку минути. Потоа, густинот растворете го со водата (да нема грутчиња) и додадете го кај малините. Мешајте додека да добиете густа смеса.
- Добиената смеса оставете ја да се излади, а потоа додадете ја во претходно изматената слатка павлака и промешајте убаво.
Пандишпанот поделете го на два дела. Врз едниот дел ставете пола од филот, врз филот другиот дел од пандишпанот и врз него останатиот дел од филот.
Одозгора премачкајте ја тортата со слатка павлака и декорирајте по желба.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани