Освежителна,лесна и многу вкусна торта.
Подлога
Путерот го топиме и го додаваме кај мелените бисквити во кои претходно сме додале шеќер во прав и сок од лимон.Ја месиме смесата и ја ставаме во калап со обрач и убаво ја плескаме со раце.
Крем
Прво ја матиме слатката павлака, па го додаваме маскарпонето и се заедно матиме.Кремот го ставаме врз подлогата и ставаме во фрижидер.
Желе
Капините,шеќерот и водата ги вариме околу десетина минути.Желатинот растворен според упатството го додаваме кај капините и оставаме желето да олади околу половина час.Потоа лажица по лажица желатинот го ставаме врз кремот и целата торта ја оставаме во фрижидер нај малку три часа а најдобро преку ноќ за убаво да се излади.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови