Тортата на свекрва ми
За пандишпан се прават три кори
За секоја кора се матат 3 јајца со три лажици шеќер, се додаваат 2 лажици брашно и 2 лажици мелени ораси,се пече во тавче бр.28.
За фил
9 жолчки се матат со шеќер, се додаваат 6 лажици гриз, млекото и се вари на тивкиот огин, додека убаво да се згусне. Се остава да се излади.
Одделно се мати маргаринот и шеќерот во прав и се убаво се промешува.
Се додава сецкани ораси, суво грозје, сецкани смокви.
Трите кори премачкајте со фил, украсете по желба со шлаг.
Ова торта ја најдов во тефтерот на свекрва ми, рецептот многу е стар а и убав е!
Лиценца: Сите права се задржани
хм... гледам и не ми се верува :) :) :) :)