Подготовка на тесто
Јајцата ги кршиме ги оделуваме во посебен сад белките кои ги матиме пенасто на крајот додаваме 5 лажици шеќер и повторно матиме додека не добиеме густа смеса. Жолчките ги матиме со 5 лажици шеќер го додаваме путерот, медот, половина од лешниците и циметот. Двете смеси ги соединуваме со лопатка, миксерот не го употребуваме. Во смесата го додаваме филџанот млеко и постепено мешајќи со лопатка го додаваме брашното со пецивото.
Откако ќе добиеме густа смеса во тавче бр.26 намрсено и обложено со хартија за печење ја сипуваме и печеме на 180степени првите 15 минути а потоа намалуваме на150степени уште половина час. Кога тестото е печено и оладено го сечеме на 3 еднакви дела.

Подготовка на фил
Од млекото оделуваме 200мил. преостанатото го ставаме во тенџере да зоврие во ладното млеко ги ставаме пудингот мешаме и постепено го додаваме на зовриеното млеко додека не добиеме густ пудинг. Млечната чоколада ја додаваме во пудингот заедно со мелените лешници. Во друг сад го мешаме путерот со шеќерот во прав и кога предходниот фил е изладен ги матиме двата фила.

Ја филуваме првата кора, врз неа редиме крем бананки,  ја ставаме втората кора врз неа ставаме фил и на краевите редиме ресани. Одозгора ја ставаме третата кора ја филуваме со топена чоколада а странично филуваме со преостанатиот фил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани