Тирамису мафини
За 12 до 16 мафини
1. Путерот се топи
2. Јајцата и шеќерот се бијат убаво се додава млекото и путерот. Се меша убаво, се додаваат сувите состојки и се меша полека.
3. Се ставаат корпиња во калап за мафини, се полни калапот и се печат на 175 степени дури да добијат убава боја и да се суви внатре (се пробува со чепкалка). Се оставаат убаво да оладат.
Маскарпоне крем
Во миксер се меша убаво сирењето со путерот. Се додава прав шеќер и ванила шеќер и се меша со миксер полека, да се добие убав крем и се става во фрижидер.
Ладното кафе се истура во мал длабок тањир.
Корпињата се вадат полека од мафините.
Половина од колачето се мака во кафето 2 секунди, се брцка и се вади да не впива многу колачето и се редат во чинија за сервирање. Се шприца кремот и се поросува со какао и со сецкани бадеми
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови