Тиква торта
Радост за децата е оваа торта,со изненадување во средината.
4 жолчки се матат со 5 лажици шеќер и 1 ванила. Откако убаво ќе се изматат се додава 4 лажици вода,4 лажици масло, 3 лажици пире од тиква, 5 лажици брашно и пола пециво.
Смесата се дели на 2 дела. Едниот се истура во намрсен калап за куглоф и се печи на 200 степени околу 10мин да фати кора одозгора.Во другиот дел се додава 1-2 лажици какао и се додава врз жолтиот дел. Се намалува рерната на 180 степени.
За бел дел
4 белки се матат со 4 лажици шеќер и 1 ванила. Откако ќе се добие цврст снег, се додава 4 лажици масло, пола пециво и 4 лажици брашно и сецкани ореви по желба.
Откако и кафеавиот дел ќе фати кора (по 10тина мин печење ) врз него се става белиот дел и се намалува рерната на 150 степени.
Се печи околу 20тина минути.
На истиот начин се прави и другиот куглоф.
Се става 150мл млеко со 3-4 лажици шеќер на оган да зоврие. На страна пудингот од чоколадо со маталка се меша со 100мл млеко, потоа се додава на зовриеното млеко и се вари густ крем. Се додава и чоколадото. Откако убаво ќе се излади му се додава на предходно изматен 100гр маргарин со 100гр шеќер во прав.
Се мати слатката павлака, се додаваат прехрамбените бои и се украсува.
Наместо рачка користев корнет со еурокрем сечен на половина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
лудница :)
браво :)
и идеја и реализација и дополнителни фотографии, кое од кое поубаво :)
ретко се појавувам, па не сум стигнала да ти кажам дека фотографиите си ги довела до совршенство. БРАВО и за тоа :)