Испечати

Тиква торта

Тиква торта

Состојки

  • Потребно за еден куглоф(треба да се испечат два)
  • за жолт и кафеав дел
  • 4 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 4 лажици вода
  • 4 лажици масло
  • 1 ванила
  • 3 лажици пире од тиква
  • 5 лажици брашно
  • плус 2 лажици какао
  • за бело тесто
  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици брашно
  • половина пециво
  • 50гр сецкани ореви
  • за фил
  • 250мл млеко
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 100гр маргарин
  • 100гр шеќер
  • 50гр чоколадо за готвење
  • за украсување
  • 200мл слатка павлака
  • жолта,зелена,кафеава прехрабмена боја
  • плус
  • по желба гумени бомбони,крем бананчиња

Подготовка

Радост за децата е оваа торта,со изненадување во средината.

4 жолчки се матат со 5 лажици шеќер и 1 ванила. Откако убаво ќе се изматат се додава 4 лажици вода,4 лажици масло, 3 лажици пире од тиква, 5 лажици брашно и пола пециво.
Смесата се дели на 2 дела. Едниот се истура во намрсен калап за куглоф и се печи на 200 степени околу 10мин да фати кора одозгора.Во другиот дел се додава 1-2 лажици какао и се додава врз жолтиот дел. Се намалува рерната на 180 степени.

За бел дел
4 белки се матат со 4 лажици шеќер и 1 ванила. Откако ќе се добие цврст снег, се додава 4 лажици масло, пола пециво и 4 лажици брашно и сецкани ореви по желба.
Откако и кафеавиот дел ќе фати кора (по 10тина мин печење ) врз него се става белиот дел и се намалува рерната на 150 степени.
Се печи околу 20тина минути.
На истиот начин се прави и другиот куглоф.

Се става 150мл млеко со 3-4 лажици шеќер на оган да зоврие. На страна пудингот од чоколадо со маталка се меша со 100мл млеко, потоа се додава на зовриеното млеко и се вари густ крем. Се додава и чоколадото. Откако убаво ќе се излади му се додава на предходно изматен 100гр маргарин со 100гр шеќер во прав.
Се мати слатката павлака, се додаваат прехрамбените бои и се украсува.
Наместо рачка користев корнет со еурокрем сечен на половина.