Тесто за домашна пица
Во малку брашно правиме дупка во неа го ставаме квасецот и загреаната вода го топиме квасецот го додаваме јајцето,киселото млеко,солта,ориганото и маслото за јадење замесуваме и додаваме по потреба брашно тестото е готово кога ке почне да се одлепува од садот.
Стасува околу 1 час додека да се удвои смесата. Од ова тесто излегуваат околу 2 поголеми пици или 3 помали зависи од дебелината.
Се расплескуваат дирекно на плекот кој претходно го намрснуваме со масло низ целиот плек.
Ја премачкуваме пицата со домашен сос, одозгора го рендаме кашкавалот за пица,
рендаме салама, може печурки, крем сирење, поросуваме сусам и оригано и одозгора ставаме неколку ленти маргарин. Ја дупчиме пицата на неколку места со вилушка и ја ставаме да се пече во претходно загреана релна на 250степени се пече околу 10-15 мин. на истата температура. Се служи топла може и со мајонез одозгора да се премачка кога ке се испече.
Преубаво нешто,крцкаво.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови