30
мар
2015
Тестенини со ракчиња и никулци од соја
Во зовриена и посолена вода ставете ги шпагетите или лингвините да се варат за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Младиот кромид исецкајте го и во тава со маслиновото масло пропржете го колку да замириса.
Додајте ги ракчината и никулците исцедени од водата. Измешајте и додајте пола филџанче вода. Оставете ги да варат неколку минути додека испари водата.
Откако испарила водата додајте ги тестенините и соја сосот и измешајте ги.
Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани
А откако го прочитав рецептов сакав да пишам, Невенче кога би требало нешто да ми зготвиш би сакал да биде некоја комбинација со морско, а ви веќе сте се договориле :):) е па јас кусо да не бидам, ви се придружувам:):):)
Невенче спремај во поголема шерпа,оти многу сме:)
Pozzdrav do site...gripot me fati i nikako ne me pusta, zaglaviv:))))
Ај со лесно, тежок е овој вирус, ама ептен....ама поминува...