4
ное
2013
Тестенини во сос од карфиол
Посебно ги сакам сите сосови за тестенини затоа што дозволуваат многу варијанти и лесно се прилагодуваат на сите барања.
Главицата кромид се сечка, се става на масло да се пропржи стаклесто, карфиолот на гранчиња се става во блендер убаво да се измикса, се додава и кромидот. На сад со малку масло се пржнува брашното, се додава микс смесата од карфиол, малку да пропржи се додава млекото, кумин, лук во прав, сув зачин, крем сирење и пармезан, па се трга од оган.
Се става од топол сос врз тестенините кои ги вариме одделно и се служи со екстра пармезан и малку сув копар.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови