Тавче со штавел, ориз и месо
Месото го сецкаме на ситни парчиња. Штавелот го миеме под јак млаз вода лист по лист и го сецкаме на ситно. Кромидот го миеме, го сецкаме на ситно. Во тава го ставаме зејтинот, месото и солта и ги пржиме на тивок оган околу 15 минути. Потоа ги додаваме зачините, го додаваме кромидот и штавелот и со постојано мешање пржиме уште десетина минути.
Оризот истребен го плакнеме во неколку води и го додаваме во тавчето. Јас овојпат јадењето го спремав во тавата со рачки од Делимано зготвено на рингла. Мешаме неколку минути колку да се запржи малку оризот и го додаваме црвениот пипер и промешуваме. Ја додаваме водата и оставаме да се довари оризот на потивок оган. Ако сакате да биде поретко јадењето, односно како манџа додајте повеќе вода, вкусот нема да се промени, секако ќе биде вкусно.
Варете околу триесетина минути.
Некако ми се погодија дел од последните рецепти во комбинација со зеленило, ама нели дојде пролетта и сезоната на зељестите растенија е, а и здраво е да се внесуваат во организмот ја подобруваат крвната слика. Се надевам ќе ви се допадне ова јадење. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Inaku Lilin, stafel, spanak, blitva + kiselec ako se ima... lele ubavina od zelje e, za piti i banici.. merak golem,