18
апр
2020
Тавче гравче со спанаќ и суви пиперки
Подготовка
Најпрво, ставете го гравчето, водата и исецканите суви пиперки да се варат. При крајот на варењето додадете го исецканиот спанаќ. Додадете сол, буковец, мешан зачин нане.
Во загреано масло ставете го исецканиот кромид и пржите додека зарумени кромидот. Додадете го брашното, промешајте убаво да нема грутчиња, потоа додадете црвен пипер. Кога ќе добиете еднолична смеса,додадете ја во гравчето. Така, нека поврие уште десетина минути, а потоа претурете во тава и печите во рерна околу 15 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани