Уште едно традиционално македонско јадење кое во нашиот дом често се подготвува, особено во посни денови. Дали е чорба или тавче не е важно, подеднакво ни е вкусно, а на ќерка ми сега за сега и е омилено јадење.

Подготовка
Гравот го оставаме во вода преку ноќ. Го ставаме во експрес лонец да се вари заедно со излупениот кромид и сувите пиперки (некои 15 минути, а може и помалку зошто е откиснат). Дотураме вода сето ова да биде до ниво 2,5 литри. Значи ако правите гравче тавче ќе ви треба помалку вода за варење.
За тоа време празот го сечкаме на ситно и го запржуваме на малку масло. Го ставаме во садот во кој ќе го печеме гравчето па го истураме и сваренето гравче во тавата.
Откако ќе ни се свари гравот го вадиме кромидот и го пасираме.
За запршката, на тивок оган во тавче го ставаме брашното, да ја испари влагата и малку да пожолти. Тогаш го ставаме маслото и ситно насечканото лукче да пушти мирис и вкус во маслото, па го додаваме црвениот пипер и испасираниот кромид. Промешуваме и оваа запршка ја промешуваме во гравчето и пржениот праз.
Ги додаваме и зачините и убаво промешуваме. Ги редиме везените пиперки одозгора, го поклопуваме капакот на тавата и печеме во рерна на 200 степени. Пред крајот тргнете го капакот за да се потпече ама тоа направете го сосема кратко. Кога ќе биде готово гравчето треба сосема малку да има вода, а и таа ќе ја упие додека постепено се лади.

Забелешка
Готвам во Делимано експрес лонец кој е феноменален, го научивме и готвењето со него е песна. Затоа кога ќе ви го пишам времето за готвење ориентирајте се според вашите садови за готвење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани