Рецептот го видов на интернет и во прва прилика го пробав. Многу ни се допадна, па решив со оглед на темава да го споделам овде, со минимални отстапки, иако сликите поради не можност да се чека можеби и не се баш задоволителни. Но, сигурно ќе се прави уште пати, па се надевам во прилог понатаму ќе има и подобри.

Квасецот растворете го во млаката вода и од сите состојки, освен нишестето замесете глатко тесто и оставете го на топло да се дуплира.

На малку масло запржете го ситно исецканиот кромид и меленото месо. Потоа додадете го доматниот сос и зачинот растворен во малку вода. Пржете додека згусти. Филот поделете го на 3 дела.

Нараснатото тесто потоа поделете го на 20 топчиња. Топчињата поделете ги на 4 места по 5. Секое топче расучете го малку, одприлика во големина на чинија и наросете го со густин. Така расукани ставајте ги 1 врз друго по 5 на сите 4 места. Од секое од 4те купчиња расучете поголеми кори кои ќе ги редите во подмачкана тепсија (кај мене бр 30) и помеѓу секоја ќе распоредите од филот од меленото месо.
Исечете ја питата на ромбови и оставете ја 20-30 мин. во тавата да нарасти. Печете на 200 степени околу 30 мин.
Исклучете ја рерната и печената пита прелијте ја со растопен путер, па вратете ја во исклучената рерна уште 3-4 мин. додека се се впие путерот. Потоа покријте ја со пацета и оставете малку да подизлади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови