1. Замесете тесто од наведените состојки и поделете го на 8-9 топчиња кои ќе ги покриете со крпа. Оставете ги да подстасаат додека го дробите и спремате сирењето.
2. Ставете брашно на работната маса(посолете)и земете ја првата топка. Со сукалката почните да ја сукате кога ќе почне да ви се лепи обавезно посолете брашно и продолжете да сукате колку шо можете потенко.
3. Секоја кора попрскајте ја со растопена маст нанесете дробено сирење и редете ги корите сукани една врз друга повторувајќи ја постапката со сите преостанати кори.
4. На крај со ноже исечете ја питата и печете на 200степени половина час.
Десет минути пред крајот сипете ја киселата вода и повторно вратете ја питата во рерна да се допече.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани