Излупените компири ги сецкаме на 4 дела и заедно со иструганите моркови, пашканатот, сецканата пиперка и празот ги ставаме во тенџере со водата. Додаваме сол, коцката за супа и зејтин. Откако добро се сварени морковите, компирите и пашканатот ги вадиме во сад и ги пасираме. Ги враќаме во тенџерето и додаваме мешан зачин. Вариме уште десетина минути.

Јајцата ги матиме со вилушка во подлабоко садче, ја додаваме павлаката. Промешуваме добро. Со црпка истураме од супата постепено по малку истовремено мешајки со вилушката. Потоа постепено по малку истураме во тенџерето цело време мешајки со црпка. Додаваме црн бибер и свеж магдонос по вкус.

Оваа супа можете да ја послужите и како посна без додавање на јајцата и павлаката. Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја зеленчукова супа. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани