Струфоли - пржени крцкави колаченца
Овие италијански пржени колаченца обично се прават за Божиќ или за време на карневалските денови, но моите деца ги сакаат и затоа почесто си ги правиме.
Во еден сад ставете ги сите состојки за тесто и убаво измесете го да се добие изедначено тврдо тесто. Готовото тесто покријте го со крпа и оставете го да одмори најмалку половина час. Потоа премесете го.
Од тестото кините парчина и на малку набрашнета или намрсена површина правите стапчиња дебели колку еден прст. Со нож исечете ги на многу мали парченца. Кога сите ќе се готови во повисока тава загрејте го маслото и пржете ги на среден оган додека добијат кремаста боја и внимавајте да не потемнат.
Пржени извадете ги на кујнска салфетка.
Откако сите ќе ги испржите, медот ставете го во тенџере и загрејте го колку да се растопи. Додајте ги струфолите и шеќерните трошки и убаво измешајте ги.
Префрлете ги во голема чинија и послужете ги.
Лиценца: Сите права се задржани
не дека ми прави разлика, туку да знам во кое расположение да ги направам :) :) :) :)