18
окт
2013
Срциња од тиква
Исечете ја тиквата на парчиња од 2цм и варете ги на пареа 10 минути. Префрлете ги врз салафета за да се впие вишокот на течност, потоа изматете ги со шеќерот, брашното, ванилниот шеќер, румот, јајцата и растопениот путер. Додајте ја солта и ренданото чоколадо.
Смесата префрлете ја во калап бр.28 , па печете го колачот во рерна загреана на 170 степени половина час. Потоа оставете го да се исуши во рерната 10 минути, па исечете го на срциња со помош на калапчиња.
Попрскајте ги срцињата со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови