Сонце погача
Идејата за ваква погача ја видов пред неколку месеци на интернет и ми изгледаше многу интересно. Под сликата немаше рецепт, па решив сама да си го смислам и да пробам да ја направам. И многу успешно искочи, па затоа решив да ја споделам со вас.
1. Се замесува меко тесто и се остава да стаса.
2. Додека тестото стасува се подготвува филот. Спанаќот се чисти, се мие и се посолува. Се остава да постои 10-15 мин и откога ќе пушти вода убаво се истиснува, се става во подлабок сад и се додава урдата.
3. Откога тестото е стасано се размесува и повторно се остава да стаса.
4. Кога повторно ќе стаса се дели тестото на два еднакви дела. Од првиот дел се расукува убава округла кора и почнува да се филува. Фил се става на средината како топче и по крајот во вид на венче (како на сликата)
Потоа од другата кора исто така се расукува округла кора и се става врз првата кора со фил.
Краевите со фил се сечат на тенки ленти и полека со една вилушка се поткреваат и се виткаат на една страна.(како на слика)
5. Откога ќе се исече и извитка питата се премачкува со жолчка и се посипува со непечен сончоглед.
6. Се пече во загреана рерна на 20Ц 20мин, а потоа уште 40мин на 180Ц
Јас користев и хартија за печење зошто полесно ми беше да ја сечам на работна маса, а после само да ја префрлам во тава за печење
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови