Постапката за овој и тоа како добар Тарт е многу полесна отколку што се чини кога се види колку многу текст напишано.

Подготовка
- Најпрво излупете го доматот и исечете на подебелки кругови, ставете ги во тавче постелено со хартија за печење - ставете во рерна нека лесно дехидрираат.
Кога сакам да го правам овој тарт јас уште одвечер или рано наутро прво што ќе спремам се доматите. Не треба да се исушат туку лесно да дехидрираат, ако тоа го правите во електричен шпорет тогаш на 160 степени загрејте ја рерната и нека ги внатре околу 40 мин.
- Ги мешаме двата вида на брашно, го раствараме квасецот во млаката вода, додаваме кај брашното, додадеме и зјетинот. Замесе тесто, се покрива со фолија и нека одстои околу 1 час - не се чека да забележиме дека тестото го удвоило обемот.
- За тоа време во тавка на малку зејтин го пржиме младото кромитче. Го тргаме настрана.

Крем
- За кремот ги мешаме сите состојки со вилушка а може и со пасатор, освен босилекот - листовите ги оставаме цели.
- На побрашнета површина расукуваме округла кора во дебила од 3-4 мм. која кора треба да е поголема од тавата во која ќе го печете тартот, со помош на оклагијата ја пренесуваме во тавчето на кое веќе сме поставиле хартија за печење. Се поставува кората по дното, се подига по зидовите од тавката и остатокот нека виси однадвор. Сега попрскајте ја кората прво со гризот, потоа со пржениот кромид, врз него посипете ренданиот кашкавал, лесно посолете го. Наредете го веке дехидрираниот и оладен домат, врз него ставте ги сецканите листови босилек, потоа налијте го веке спреманиот фил. Краевите вратете ги навнатре.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени и тоа околу 10 мин. потоа намалете ја температурата на 160 и нека продолжи да се пече уште од околу 40 мин.
- Испечен заедно со хратијата извадете го од тавката, ставете на решетка и барем сочекајте нека малку олади. Милина...

Совет
Сега вака, кој е стрплив да го со рака формира тестото во самата тавка, нека прави така - значи може. На мене ми е полесно да ја исечам хартијата за печење во поголема големина од самата тава, го ставам  тестото врз неа и го сукам... па заедно со хартијата го поставувам во самата тавка. Модлата за Тарт ми беше зафатена, го печев тартот во малото округло Делимано тавче чија големина сосема одговара за овој тарт.
- Уште кога ќе прочитате дека е потребно да дехидрира доматот, можети ќе во одврати од искушението да го спремате,  да не ве учам пак... ќе идете кај комшивката која веке има шпорет на дрва, додека вари таа кафе вие излупете и исечете го доматот, наредете на хартијата, ставете го во нејзиниот шпорет и само соопштете и дека потоа ќе се вратите по него... ама сепак и таа по малку нека погледнува што прави тој - да не се испече. И така...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани