Солени тригони со ржано брашно
1. Замесуваме средно меко тесто, со млака вода и сите други состојки за тесто, оставени на собна температура. Кога ќе го замесиме го залеваме со масло, го премесуваме на кратко и го оставаме да стаса на топло околу ½ час.
2. За филот ја разматуваме белката, го рендаме сирењето и чајната ја сечкаме на коцки, сето ова го мешаме да се соедини.
3. Откако ќе стаса го развлекуваме тестото во форма на квадрат со сукало и го премачкуваме со стопен и подизладен путер. Го преклопуваме од сите четири страни и го оставаме да отстои околу 20 минути.
4. Потоа расукуваме кора во форма на правоаголник од која сечеме парчиња по желба од кои ќе правиме ролати со фил и ќе ги сечеме тригоните. Значи секое парче го премачкуваме со фил го виткаме во ролат и вадиме со нож сечејќи триаголници.
5. Ги оставаме во намрсена тава, ги премачкуваме со жолчка со јогурт, ги посипуваме со сусам и го оставаме да стасаат на топло околу 10-15 минути
6. Печеме во загреана рерна 190 степени околу 25-30 минути.
Забелешка
Ржаното брашно е малку полепливо од белото, па калкулирајте со водата за замесување. Исто така можеби ќе им треба на тригоните со вакво брашно малку повеќе време за стасување од вообичаеното.
Можете да си ги направите и со бело брашно.
Лиценца: Сите права се задржани