Ова е хроно рецепт за појадок во хроно исхраната...Понекогаш си ги подготвуваме бидејќи имаат несекојдневен специфичен вкус...

Подготовка
Сите состојки ги ставаме во еден сад. Ги соединуваме со лажица. Тестото треба да ни е малку погусто од класичното тесто за палачинки. Ја намрсуваме нелепливата тава за палачинки. Ставаме од тестото, го распоредуваме насекаде во тавчето и го покриваме со капак. Ги печеме од едната страна па ги превртуваме од другата.
Јајцата на око ги пржиме на масло и ги зачинуваме со сол и бибер. На секоја палачинка размачкуваме ајвар, редиме парчиња домат, краставица, лист марула и на крајот го ставаме прженото јајце. Ги завиткуваме во ролат.

Забелешка
Користев ‘ржано брашно без додатоци, чисто полнозрнесто ‘ржано брашно. Во зависност од тоа какво брашно користите, ќе треба да ја регулирате и густината на тестото. Можеби ќе ви треба помалку или повеќе вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани