Солени ролати со фил од праз, урда и јајца
Од горе наведените состојки се замесува тесто да биде средно меко, се остава да кисни 15 минути , па се дели на 3 топки.
Од секоја топка се прават по 2 мали топчиња.
Се расукуваат корички и се премачкуваат со маргарин и се редат една врз друга по 2.
Значи се добиваат на 3 места по 2 корички.
Секоја се расукува во поголема кора, се премачкува со ¼ од филот и се витка ролат.
Се постапува така со остатокот од материјалот.
Се редат во плех, се премачкуваат со јајце и сусам , киснат 10 минути и се печат.
Скоро секоја недела во зимскиот период ги правам овие ролати за доручек, па еве времево наутро залади, праз има по пазарите и ај си реков да си касниме.
Убавина..... јогурт и месенко милина
Лиценца: Сите права се задржани