Ролати со фил од праз, морков, јајца
Едноставна брза вечера
На загреано масло прво се пропржува празот благо да зарумени. Се трга од оган.
Потоа се додаваат морковите, јајцата, сол, бибер, јогурт и убаво се промешува.
Се зема една кора се премачкува танко со смесата од јогурт, јајце, кисела вода, масло, пециво.
Врз неа се става втора кора и таа се премачкува и се става трета кора.
Се премачкува со смеса и на почетокот на кората се нанесува по 3-4 лажици од филот.
Се редат во плех за печење.
Така се постапува со целиот материјал.одозгора со четка се премачкуваат со остатокот од смесата и се посипуваат со сусам.
Се печи околу 30 минути во загреана релна.
Се сервира со јогурт
Лиценца: Сите права се задржани