Дренките се мијат убаво па се ставаат во лонец со вода.
Се оставаат да се варат околу еден час додека да омекнат.
Прецедете ја водата од варењето преку ситна газа или сито.
Потоа дренките испасирајте ги убаво и пак процедете ги.
Додајте го шеќерот и оставете да се вари околу 30 минути, па додајте лимонтус.
Варниот сок се собира веднаш во топли шишиња.

Забелешка
Јас ги затварам, па ги вријам шишињата,
Шеќерот може да варира во зависност од тоа дали сакате покиселкаст вкус или поблаг.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови