12
сеп
2015
Сок од дренки
Дренките се мијат убаво па се ставаат во лонец со вода.
Се оставаат да се варат околу еден час додека да омекнат.
Прецедете ја водата од варењето преку ситна газа или сито.
Потоа дренките испасирајте ги убаво и пак процедете ги.
Додајте го шеќерот и оставете да се вари околу 30 минути, па додајте лимонтус.
Варниот сок се собира веднаш во топли шишиња.
Забелешка
Јас ги затварам, па ги вријам шишињата,
Шеќерот може да варира во зависност од тоа дали сакате покиселкаст вкус или поблаг.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
So zdravje da si go piete!
Еве ќе го запишам и тој рецепт,нека го има овде може некој ќе сака да го проба.
Овде нема грамажа , дренките што ги имате измијте ги добро и ставете ги во вода да ги покрие и додадете 1 паковка лимонтос. Нека стојат така 24 часа.Ако се зелени дренките обарете ги,па исцедете им ја водата, а потоа сомелете ги дренките и покријте ги со истата вода. Прецедете ги преку газа. Колку течност ќе испадне толку шеќер ставете.Ставете да зоврие и извадете им ја пената.Соберете во шишиња додека е жешко.