Сируп од дренки без варење
Ова е рецепт за домашен сируп од кој се добива екстра освежителен домашен сок, со сите корисни состојки што ги содржи овошјето.
1. Дренките со лимонтусот и 3 литри вода ги оставаме да се киснат 24 часа.
2. Со помош на алатката за пасирање компир, ги гмечиме веќе омекнатите дренки.
3. Потоа низ цедалка, која е доволно крупна, ама не колку семките од дренки, ги поминуваме пасираните дренки, така да ни останат само семките. Можеме и семките повторно да ги премиеме со малку вода (до литар, затоа што е многу густа смесата).
4. Течноста што сме ја добиле, ја поминуваме низ соковник, за да се отстранат покрупните делови кои ни поминале низ цедалката. Сокот го мериме колку литри е и на литар сок додаваме килограм шеќер. Можете да ставите и повеќе, ама мене вака ми е идеален.
Вака јас го подготвив.
Ако немате соковник, поминете ги дренките низ газа и така ќе ја завршите работата, само ќе ви треба добар и силен помошник кој ќе ви помогне во цедењето, доколку сакате совршено да ги процедите корисните состојки од дренките, а да ви останат само семки.
Од оваа доза излегуваат 7 литри сируп.
Лиценца: Сите права се задржани
под не сме правеле до сега мислев на - не сме правеле од овошје, само од бозел и од ајдучка трева сме правеле сокови без варење :)
а зошто лимонтус?
јас и би го скокнала со голема радост :)
само
http://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D1%98%D0%B5/#comment-77170